До Сите лиценцирани стечајни управници, членови на комората

Предмет: Едукација

Во организација на Комората на стечајни управници на РМ, ќе бидат одржани работилници за едукација на стечајните управници-членови на комората, од Апелациони подрачја: Скопје, Битола, Штип и Гостивар.

На Работилниците вообичаено ќе бидат поканети да присуствуваат и стечајни судии од овие апелациони подрачја.

Работилниците се наменети за стручна едукација на стечајните управници за кои исто така ќе бидат признаени часови за обнова на лиценца за стечаен управник.

Работилниците ќе се спроведат во хотел ,,Сириус,, -Струмица, во термините:

  • 16 и 17. Ноември 2018г. (Петок и Сабота) за Апелационо подрачје Скопје
  • 30 и 01. Ноември/Декември 2018г. (Петок и Сабота) за. Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар

Темите и Работната Агенда ќе Ви бидат дополнително доставени.

Пријавување за учество на работилниците:

  • за стечајните управници од Апелационо подрачје Скопје е до 05 Ноември  2018 г. (Понеделник).
  • за стечајните управници од Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар е до 19 Ноември 2018г. (Понеделник).

Пријавувањето се врши на е-маил на комората. За ненавремено пријавување, комората не превзема обврска за хотелска резервација.

Комора на стечајни управници на РМ.

Претседател
Ацо Петров

Posted in: