ИЗВЕСТУВАЊЕ До Сите стечајни управници – членови на Комората на стечајни управници на РМ

Предмет: Едукација

Во организација на Комората на стечајни управници на РМ ќе бидат одржани работилници за едукација на стечајните управници – членови на Комората на стечајни управници од Апелациони подрачја Скопје, Битола, Штип и Гостивар.

На работилниците вообичаено ќе бидат поканети да присуствуваат и стечајни судии од овие апелциони подрачја.

Работилниците се наменети за стручна едукација на стечајните управници со актуелни теми и предавачи од областа на стечајот .

Работилниците ќе се спроведат во Хотел ,,Милениум,, Охрид во термините:

– 04. и 05. Ноември 2016 (петок и сабота) за Апелационо подрачје Скопје и

– 02. и 03. Декември 2016 (петок и сабота) за Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар.

Пријавувањето за учество на работилниците за сите стечајни управници е:
– За Апелација Скопје најдоцна до 21.10.2016 година (Петок).
– За Апелација Битола, Штип и Гостивар најдоцна до 25.11.2016 (Петок).

Пријавувањето се врши на е-маил на Комората.
За ненавремено пријавување, комората не превзема обврска за хотелска резервација.

14.10.2016 год. Комора на стечајници управници на РМ
Скопје П р е т с е д а т е л
Ацо Петров

Posted in: