Организациона структура

Органи на Комората се: Собрание на Комората, Управен одбор на Комората, Надзорен одбор на Комората и Претседател на Комората.

1. Собрание на Комората

  • Донесува Статут и други акти на Комората,како и нивни измени и дополнувања,со претходна согласност на министерот за економија;
  • Разгледува предлози,барања и препораки за успешно работење на стечајните управници. Собранието се состанува редовно еднаш годишно и тоа во првата недела на февруари.

2. Управен одбор

  • Утврдува предлог на статут и предлог за изменување и дополнување на Статутот и на другите акти на Комората;
  • Превзема и спроведува иницијативи за разгледување на прашања од интерес на стечајните управници. Се грижи за статусот на стечајните управници и за односите кон други органи и воопшто кон трети лица;
  • Бројот на членовите на Управниот одбор го одредува Собранието во согласност со Статутот.

3. Претседател на Комората

  • Претседателот на Комората,наедно е и претседател на Управниот одбор. Управниот одбор од своите членови избира потпретседател на Комората.
  • Претседателот ја ја претставува и застапува Комората. Во случај на негова спреченост, неговите должности ги врши потпретседателот, а во случај на спреченост на потпреседателот,најстариот член на Управниот одбор.