ЈАВЕН ПОВИК за посета на почетна обука за вршење на работи на стечаен управник

Комората на стечајни управници на Република Северна Македонија  согласно член 23 став 2 од Законот за стечај  објавува:

Ј А В Е Н  ПО В И К

за посета на  почетна обука за вршење на работи на стечаен управник

Комората  на  стечајни управници на Република Северна Македонија ги информира  сите заинтересирани  физички лица  дека организира  почетна обука на кандидати за  вршење на работите  на стечаен управник.

Право да ја посетуваат почетната обука имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да има живеалиште во Република Северна Македонија;
  • да има високо образование од соодветна област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или, диплома со 300 кредити, според европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС);
  • да има најмалку три години работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата;
  •  или  пет години работно искуство во областа на трговските дејности по дипломирањето за друго високо образование;
  • со правосилна одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната.

Кандидатите кои ќе ја посетуваат почетната обука ќе се стекнат со потврда за завршена обука и со право да полагаат стручен испит за стекнување со уверение за овластен стечаен управник кој го спроведува Комисија  именувана од страна на министерот за економија.

Трошоците за посетување на почетната обука ќе бидат дополнително определени и паѓаат на товар на кандидатите.

Кандидатите кои се заинтересирани да ја посетуваат почетната обука за вршење на работите стечаен управник треба до Комората на стечајни управници да достават  кратка биографија и со фотокопие на документите со кои ќе ги потврди условите од јавниот повик.

Пријавите со потребните докази  да се достават на адреса: Комора на стечајни управници, ул.Васил Стефановски бр. 26/16 Скопје, или на e-mail адреса: komorasu@komorasu.org.mk

Јавниот повик е  отворен триесет дена  од денот на неговото објавување.

За останатите активности за почетната обука кандидатите ќе бидат дополнително известени.

Контакт информации секој работен ден од 10,00-14,00 часот на телефоните: 02/3223-857; и 070/ 210 308- Жаклина Сасанска.

 

20.02.2020 г.                                                                          Претседател на комора

С к о п ј е                                                                                        Ацо Петров                                                                                                                                         

Posted in: