ЈАВЕН ПОВИК за пријавување кандидати за почетна обука за вршење на работите на овластен стечаен управник

Комората на стечајни управници на Република Северна Македонија во соработка со Проектот на Светска Банка Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија, согласно член 23 став 2 од Законот за стечај  објавува:

Ј А В Е Н  ПО В И К
за пријавување кандидати за почетна обука за вршење на работите
на овластен стечаен управник 

Се известуваат заинтересираните  лица дека се организира почетна обука во траење од најмалку 30 часа  на кандидати за  вршење на работите  на овластен стечаен управник.

Право да ја посетуваат почетната обука имаат само физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да има живеалиште во Република Северна Македонија;
  • да има високо образование од соодветна област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или, диплома со 300 кредити, според европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС);
  • да има најмалку три години работно искуство по дипломирањето во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата;
  •  или пет години работно искуство во областа на трговските дејности по дипломирањето за друго високо образование;
  • со правосилна одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната.

 

На лицата кои  ќе ја посетуваат почетната обука ќе им биде издадена потврда за завршена почетна обука и со право да полагаат стручен испит за стекнување со уверение за овластен стечаен управник кој го спроведува комисија  именувана од министерот за економија.

Кандидатите кои се заинтересирани да ја посетуваат почетната обука за вршење на работите стечаен управник треба до Комората на стечајни управници да достават  пријава со кратка биографија и со фотокопие на документите со кои ќе ги потврди условите од јавниот повик.

За останатите активности за почетната обука кандидатите ќе бидат дополнително известени на адресата наведена во пријавата. Трошоците за посетување на почетната обука ќе бидат на товар на организаторот.

Пријавите со потребните докази  да се достават на адреса: Комора на стечајни управници, ул.Васил Стефановски бр. 26/16 Скопје, или на e-mail адреса: komorasu@komorasu.org.mk

Рок на пријавување најдоцна до 31.08.2021 година.

Контакт информации секој работен ден од 10,00-14,00 часот на телефоните: 02/3223-857; и 070/ 210 308- Жаклина Сасанска.

 

28.07. 2021 г.                                                                                 Претседател на комора
С к о п ј е                                                                                                  Ацо Петров                                                                                                                                           

Posted in: